Расте откупот и продажбата на земјоделските производи
16.12.2014 11:24
Скоро на сите пазари се зголемува откупот и продажбата на земјоделските производи. Според Статистика ваквиот тренд продолжува и во октомври годинава...

Според статистичките анализи, вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во октомври годинава е скоро една милијарда и сто милиони денари што е за 4 проценти повеќе од лани.
Кај индивидуалните земјоделци откупот е зголемен за скоро 16, а кај производството на претпријатијата за повеќе од 10 проценти.
Поголема вредност на купената и продадената храна има кај градинарските култури, живината, млекото и грозјето, додека трговија е помала кај индустриските и фуражните растенија, овошјето, добитокот и млечните производи.
Методија Трајков
