На „Александар Велики“ продолжуваат редовните операции
16.12.2014 10:20
Веќе полетаа авионите на Виз-Ер за Ајндховен и за Дортмунд и нема во најава нови откажувања...

И покрај маглата што и денеска го покрива Скопје, на аеродромот Александар Велики, иако со пречки, продолжуваат редовните операции.
Веќе полетаа авионите на Виз-Ер за Ајндховен и за Дортмунд и нема во најава нови откажувања.
Според сајтот на аеродромот, одложено е полетувањето за Истанбул, но авион на Туркиш Ерлајнс патува кон Скопје.
Се очекува маглата да се расчисти попладнево, но потоа ситуацијата повторно да се влоши и да се намали видливоста.
