Пирло одново е најдобриот во Италија
Трет пат едноподруго 35-годишниот ветеран на Јувентус е најистакнатиот поединец во „Серија А“. Антонио Конте го доби признанието за најдобар тренер...

Гласаа италијанските фудбалери,тренери и новинари и одново го изгласаа Андреа Пирло за најдобар во италијанскиот фудбал во 2014-та година. Трет пат едноподруго 35-годишниот ветеран на Јувентус е најистакнатиот поединец во „Серија А“. Антонио Конте го доби признанието за најдобар тренер.
Тој со Јувентус го освои „Скудетото“, а подоцна ја превзема селеторската палка, засега успешно водејќи ја репрезентацијата на Италија низ квалификациите за Европското првенство. Изборот за најдобар судија падна врз Никола Рицоли, кој го арбитрираше финалето на Светското првенство во Бразил меѓу Германија и Аргентина.
Според анкетираните во најдобрата лигашка постава во изминатата сезона доминира Јувентус дури со 7 имиња. Тоа се следниве играчи: Буфон;Дармиан,Барѕаљи,Бенатиа,Асамоа;Погба,Пирло,Видал,Тевез;Имобиле и Игуаин.
