Утре Саем за вработување во Куманово
Продолжува доближувањето на компаниите до работната сила во Република Македонија...

Градот Куманово е следната дестинација на караванот Саеми за вработување, во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Утре во Куманово ќе се одржи последниот саем кој ќе биде организиран во тековната 2014 година.
Од 10 часот, па се до 15 Саемот кој ќе се одржи во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ќе биде отворен за посетители.
Директорот на Агенција за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски ќе се обрати на отворањето на саемот, а во состав на истиот свои излагања и презентации ќе имаат дел од компаниите учеснички.
Со ова продолжува доближувањето на компаниите до работната сила во Република Македонија, како и можноста граѓаните, одблизу да се запознаат со понудата на работодавците.
