Студентка од ФМУ ја доби највисоката награда на меѓународен натпревар во Јапонија
На натпреварот на кој учествуваа исклучително голем број претставници од Јапонија и Јужна Кореја, Марија Николовска беше единствениот претставник од Европа кој го воодушеви деветчленото жири...

Младата пијанистка Марија Николовска, од Факултетот за музичка уметност - Скопје, од класата на доц. д-р Кристина Светиева, минатата недела во градот Куруме - Фукуока, Јапонија се закити со Прва награда во категоријата за солисти на меѓународниот натпревар „Кјушу интернационален музички натпревар за музика од Јохан С. Бах“.
На натпреварот на кој учествуваа исклучително голем број претставници од Јапонија и Јужна Кореја, Марија Николовска беше единствениот претставник од Европа кој го воодушеви деветчленото жири, составено од еминентни професори од Јапонија, Јужна Кореја и Бугарија и со посебна пофалба беше издвоена како најдобар натпреварувач во категоријата за солисти.
Учеството на ова натпреварување беше овозможено од Министерството за култура на Република Македонија.
