Кошарка – НБА

Антиќ повторно одмораше!

16.12.2014 13:40

Торонто и натаму е лидер со 19 победи. Во десеттата во серија против Оклахома најмногу поени постигна Вилијамс, 18...

Атланта се врати на победите и остана трета во источната НБА конференција. 17-от триумф Хоукс го остварија против Чикаго со 93:86. Хорфорд беше најефикасен со 21 поен, додека трет меч Антиќ паузираше.

Торонто и натаму е лидер со 19 победи. Во десеттата во серија против Оклахома најмногу поени постигна Вилијамс, 18.

По два пораза Кливленд го совлада Шарлот со 97:88 благодарение на серијата од 21:0 и на Леброн Џејмс кој реализираше 27 коша.

Шампионот Сан Антонио без десет коашракри меѓу кои и триото Данкан, Џинобили, Паркер, загуби кај Портланд со 108:95. За 19-та победа на Трејлблејзерс, седма во последните девет натпревари, најзаслужни беа Лилард и Олдриџ со по 23 поени.

Индијана славеше против Лејкерс со 110:91 затоа што гостите постигнаа само 27 поени во првото полувреме што е нивно најлошо постигнување откако се преселија во Лос Анџелес во 1960-та година. Стаки и Мајлс без најпрецизни кај Пејсерс, додека Коби Брајнат уфрли 21 за Лејкерс.

Во најдраматичниот дуел Милкови како гостин го совлада Феникс со 96:94 со тројката на Мидлтон во последната секунда.

Клиперс беа поуспешни од Детроит со 113:91 со 18-те поени на Грифин, додека 20-тиот пораз Филаделфија го доживеа дома од Бостон со 105:87.