Уапсени три лица во Велика Британија кои користеле луѓе како робови
16.12.2014 14:25
За договор вреден милиони фунти, мигрантите изработувале рамки за слики за големите продажни синџири...

Британската полиција уапсила три лица осомничени дека користеле луѓе како робови. По рација врз нивна фабрика во Манчестер ослободени се 20 мигранти од Источна Европа.
За договор вреден милиони фунти, мигрантите изработувале рамки за слики за големите продажни синџири.
Сепак биле платени само 40-тина евра за работна недела од 80 часа и изложени на физички и вербални напади.
