Потпишани договори за вработување со поранешните професионални војници
Вработувањето на професионалните војници беше утврдено како законска обврска минатата година...

Во Министерството за одбрана се потпишуваат првите договори за вработување на поранешни професионални војници. Од Одбраната велат дека во координација со Агенцијата за вработување, утврдиле дека станува збор за 59 лица кои ги исполнуваат условите утврдени со измените и дополнувањата во Законот за служба во Армијата.
Вработувањето на професионалните војници беше утврдено како законска обврска минатата година, со кое се предвидува сите војници кои ќе навршат 45 години и ќе мора да ја напуштат Армијата, како и оние кои заминале од службата според претходните старосни ограничувања, да добијат ново работно место во државната администрација до пензионирање.
