Македонија привлечна дестинација за инвестиции за бизнисмените од Саудиска Арабија
Форумот и средбите со владиниот врв го свртеа вниманието на компаниите што планираат бизнис зделки на пазарите во Европската Унија. Менаџерите од Саудиска Арабија ја ставија државава на мапата привлечна дестинација за вложување пари...

Бизнис елитата од економски моќната Џеда слушна за инвестициските можности во Македонија. Форумот и средбите со владиниот врв го свртеа вниманието на компаниите што планираат бизнис зделки на пазарите во Европската Унија. Менаџерите од Саудиска Арабија ја ставија државава на мапата привлечна дестинација за вложување пари.
„Мислам дека е едно од најдобрите места за потенцијални инвестиции. Многу е безбедно. Сметам дека Владата прави многу добра работа. Ја имам посетено Македонија повеќе пати и навистина ја гледам разликата секогаш кога ќе дојдам во Македонија“, изјави Абид Ал Селами, сопсвеник на повеќе компании од прехранбената индустрија.
На условите за водење бизнис, даночниот систем, квалификуваната работната сила се фокусирале саудиските бизнисмени. Од Премиерот слушнале за реформите со кои се креираат подобра бизнис клима, потврдено од Форбс со рангирањето на 36-тата позиција, напредок од 46 места на листата најдобри за бизнис во светот.
„Нашите слободни економски зони се рангирани меѓу топ 50-те слободни економски зони според гласањето на ФДИ Магазинот на Фајненшл Тајмс. И зоната во Скопје, годинава беше, според Фајненшл Тајмс, број 1 во Европа. Испланиравме 14 слободни економски зони во земјата, 4 се целосно оперативни, а другите ќе бидат завршени во наредната година- година и пол. Ваквите резултати и добрата парктика од спроведените реформи беше препознаена од голем број компании, ја одбраа Македонија како привлечно место за инвестирање“, нагласи премиерот Никола Груевски.
Груевски ги покани Саудиските бизнисмени да разменат исксутва со приватните компании и инвеститори што имаат капитал во Македонија. Директорот на една од најголемите консултанстки куќи „Шаба Груп“, во државава препозна привлечна дестианција за инвестиции.
„Ме восхитија информациите што ги добив, особено тие од премиерот. Почувствувавме колку е атрактивен тој дел од светот, особено за инвестиции. Дознав за бизнис климата во Македонија која е одлична. Добро е да се знае, тоа е привлечна клима за бизнис и како што слушнав ќе можеме да зборуваме со целата делегација“, рече Абдулаф Ал Новаисер, сопственик на „Шаба Груп“.
Во Македонија има можности за соработка и инвестирање во турзимот, во ски центри, во енергетски проекти. Добра бизнис клима и најниски даноци.
„Воведени се најниски даноци, рамен и низок данок, персонален данок и данок на добивка кој изнесува 10%, а компаниите кои го реинвестираат профитот имаат 0% данок“, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Саудиска Арабија ги отвора портите за интензивирање на економската и политичка соработка со Македонија.Интересот го фокусира на земјодлеството, производство на храна, инфраструктура енергенси. Со бизнис форумот во Џеда, владината делгација ја заврши економско- политичката посета на Кралството Саудиска Арабија.
Сузана Фиданска- Стоевска
