Пусиќ: ЕУ бара начин Македонија да напредува во евроинтеграциите

16.12.2014 15:47

Потребно е да се најде начин, на кој Македонија ќе напредува во евроинтеграциите, оценето е на средбата...

Хрватската Министерка за надворешни работи Весна Пусиќ изјави во Брисел дека членките на ЕУ расправале за Македонија на денешниот состанок на Советот за надворешни работи.

Потребно е да се најде начин, на кој Македонија ќе напредува во евроинтеграциите, оценето е на средбата. Блокадата, според хрватската министерка, предизвикува уназадување во земјата.

На состанокот се уште се утврдува распоредот на Европскиот совет, а според првичните информации, главна тема ќе биде Босна и Херцеговина.