Падот на бензините носи заштеда во семејниот буџет од над 10%

16.12.2014 17:07

По последното големо намалување на цените на горивата, пресметките се дека едно просечно семејство значително ќе заштеди во семејниот буџет. Од ваквиот тренд e задоволна и бизнис-заедницата...

За една година, бензините поевтиниле во просек за 15 денари. Пониската цена на горивата ќе им ги намали трошоците на возачите. Од денеска се вози со поевтин бензин за 4,5 денари, цената на литар дизел се намали за 4 денари. Пресметките покажуваат дека едно просечно семејство ќе заштеди месечно над 10% во семејниот буџет.  

Само во ноември годинава цената на горивата се намали за повеќе од 10 проценти. Од ваквиот тренд e задоволна и бизнис заедницата.

„Таму каде што горивата учествуаат со поголем процент и се носечки енергенс, можно е да има намалување на цените“, смета извршниот директор на ССК, Митко Алексов.

Намалувањето на цената на нафтата трае подолг период. 

Корекција на цената на горивата се прави на секои две недели. Клучни за одредување на новата цена се, цената на суровата нафта на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот.

 

Наташа Јанчиќ