Фудбал

Маневски најдобар во 2014!

16.12.2014 18:15

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија реши поранешниот напаѓач на Работнички да го добие престижното признание...

Борче Маневски е најдобар фудбалер на Македонија за 2014-та. По интернет гласањето и откако ги разгледа мислењата на стручните комисии, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија реши поранешниот напаѓач на Работнички да го добие престижното признание. Неговиот клуб ја освои двојната круна минатата сезона, а Маневски беше еден од најистакнатите за успехот во првенството и во купот со што заработи премин во Чаинат во Тајланд. 
 
Шефот на стручниот штаб на „романтичарите“, Игор Ангеловски, е најдобар тренер во 2014-та кај нас, а играчот на Вардар Јасир Асани ќе ја понесе наградата за најдобар млад фудбалер. Очекувано, Наташа Андонова е наша најдобра фудбалерка. 
 
Церемонијата на свеченото доделување на наградите е закажана за 23-ти овој месец, со пренос на Македонската телевизија. 
Управниот одбор на ФФМ денеска реши Горан Станиќ и Добринко Илиевски да бидат нови селектори во младинските категории, а Ванчо Балевски да ја предводи женската фудбалска репрезентација на Македонија.