Груевски: Од проектите со Кина има корист на краток, среден и долг рок
16.12.2014 21:15
Најавата од кинескиот премиер Ли Кечијанг за зголемување на фондот за земјите од Централна и Источна Европа за нови три милијарди долари, Груевски ја оцени како одлична можност...

Од Самитот во Белград може да произлезе нешто многу конкретно. Сведоци сме дека после првиот и вториот самит кај нас веќе се градат два автопата поддржани од НР Кина кои меѓу останатото се договараа на самитите, изјави премиерот Никола Груевски по завршувањето на работниот дел од средбата 16 плус еден во Белград.
Ние излеговме први со иницијатива откако беше објавено во Варшава дека Кина ќе обезбеди 10 милијарди долари за Источна и Централна Европа. Во неполни две недели излеговме со проекти на втората средба со кинескиот премиер во Кина, први добивме поддршка и веќе се гради во Македонија, рече Груевски.
Тој оцени дека Самитот дава добри можности, се прават добри контакти и се зборува за проекти и за тоа што се реализира.
