Ракомет – СЕХА лига

Во план – победи!

17.12.2014 10:17

Варарци ќе гостуваат кај Нексе со силно изразена фаворитска ролја. Македонскиот тим беше сигурен во првиот меч во Скопје и повторно најавува победа за да му се оддалечи на третопласираниот Загреб...

Во истиот термин двата наши ракометни претставника во СЕХА лигата ќе ја заокружат календарската 2014-та. Варарци ќе гостуваат кај Нексе со силно изразена фаворитска ролја. Македонскиот тим беше сигурен во првиот меч во Скопје и повторно најавува победа за да му се оддалечи на третопласираниот Загреб. Вардар досега оствари девет триумфи со два пораза, а седмопласираниот Нексе беше успешен на три од 11 средби. 

На победа се надева и Металург кој ќе игра на теренот на Раднички. Фактот што противникот досега забележа само еден триумф на 12 натпревари доволно зборува за односот на силите на двете екипи. И металург има негативен биланс, но доколку се биде според планот, годината со две лица би требало да ја заврши со успех и со половично остварување во регионалната СЕХА лига, пет победи – пет порази.