Груевски: Американска компанија во Прилеп ќе отвори 1.000 нови работни места

17.12.2014 11:54

Американската компанија Гентерм е лидер на светскиот пазар и развивач на иновативни технологии за термален менаџмент...

Премиерот Никола Груевски на својата Фејсбук станица најави влез на нова инвестиција во Македонија. Станува збор за американска компанија која ќе инвестира во Прилеп и ќе вработи 1.000 луѓе.

„Убава вест за прилепчани. Нова американска инвестиција и можност за вработување на 1.000 лица. Нашата работа и упорност дадоа резултати“, напиша Груевски на својот профил социјалната мрежа.

Американската компанија Гентерм е лидер на светскиот пазар и развивач на иновативни технологии за термален менаџмент.

Во првата фаза ќе се изградат простории од над 6.000 метри квадратни, а се планира со работа да се почне во четвртиот квартал од 2015 година. Во новите простории ќе се произведуваат индустриски производи, а се очекува да се отворат работни места за 1.000 лица, се вели во соопштението од компанијата.