Земјоделство: Преку гарантен фонд полесно до ИПАРД средства
17.12.2014 12:07
Министерството за земјоделство размислува за формирање на гарантен фонд. Со него земјоделците ќе можат побрзо да дојдат до европските ИПАРД фондови...

Постои интерес за формирање на гарантен фонд за финансирање на ИПАРД проектите.
За земјоделците ниската проценка на нивните имоти е проблем за обезбедување на кредитите. Целта е Фондот да ја гарантира инвестицијата пред банките, а таа да биде под хипотека. На почеток ќе се одобруваат помали износи до 100.000, а вкупниот фонд ќа изнесува 25 милиони евра.
Со банките заинтересирани за кредитирање на земјоделски проекти се разговора за одобрување на ниска каматна стапка, од пет до шест проценти.
Методија Трајков
