Дождливото време лошо се одрази на квалитетот на тутунот
И струмичките тутунопроизводители со истата мака како и прилепските- големи количества, но послаб род на тутунот. Дополнителен проблем е и маглата која придонесува за намалување на квалитетот. Досега никој официјално не се пожалил на проценката, велат од Земјоделскиот инспекторат...

Во Петралинци од рано утрово се откупува тутунот на повеќе пунктови. Тутунарите очекуваат фер проценка. Лани велат поминале добро, годинава очекуваат подобра цена на нивниот род.
Дождливото време, лошо се одразило врз квалитетот на тутунот. И маглата ашто деновиве го зафати регионот, ја зголеми влажноста на воздухот и не дава добри услови за финалната обработка на жолтото злато, децидни се тутунарите.
Деветте откупувачи имаат околу 140 пункта на кои ќе го откупуваат тутунот. Проценките се дека на ниво на Македонија родот ќе тежи околу 25 илјади тони. Со оглед дека има произведено 5.000 тони повеќе од договорено од Сојзуот на тутунски здруженија очекуваат откупувачите да преземат 10 до 15 проценти повеќе од договореното.
Катерина Давчева
