Сопственоста на дворното место приоритет за велешани

17.12.2014 12:22

Велешани побрзаа да го фатат последниот воз и да поднесат барање за приватизација на градежното земјиште. Иако долги години го користеле многумина го чекаа последниот ден за приватизација. Оние кои не поднесоа барање во иднина ќе плаќаат закупнина...

Колку години ја имаме куќата, толку години го имаме и дворното место, но тоа не било наше. Сега, дојде време да го впишеме во имотниот лист, како наша сопственост, велат дел од анкетираните велешани кои го искористија последниот законски рок за поднесување на апликации за откуп на дворното место.

„Твое си е твое и пак ќе си остане твое“.

„Секој  граѓанин е исправно кога ќе има докумнт чист кој ќе им го остави како наследство на сопствените деца“.

„Сум дошол навреме, за мене значи добро е ова, се што треба законски ќе направиме“, велат анкетираните велешани.

Како по непишано правило, во Имотно правното оддление во Велес, значителен е бројот и на оние кои дојдоа само да проверат дали апликациите кои ги доставиле пред неколку години се веродостојни.

„Имаше некое недоразбирање во кавадратурата, е сега за разликата поднесов барање и таму кај 15 јануар ми рекоа дека ќе се решава“.

„Само проверуваме, кај нас се е средено , само бројката ја проверуваме“, велат анкетираните велешани.

Процесот на стекнување на сопственичко право врз дворните места го имаат жителите во индивидуални но и колективни живеалишта. Нешто повеќе од 250 илјади апликации од 2008 до денес  се доставени во одделенијата за Имотно правни  односи.

Граѓаните и фирмите кои нема да си го откупат дворно место, според законот предвидено е да плаќаат закупнина на  државата.

За да се заокружи процесот на стекнување на сопстевничко право иврз  земјиштето кое со децении с екористелко како дворно Агенцијата за катастар и недвижности  постепено ќе треба да ги избрише сите кориснички права кои се евидентирани на градежното земјиште и да ги впише новите.

 

Дијана Иванова