Протести во Мексико: Демонстрантите бараат да се расчисти случајот со исчезнатите студенти
Во Мексико повторно протести. Демонстрантите и родителите на студентите кои исчезнаа минатата година, бараат расветлување на случајот. Ја обвинуваат владата за притисок и репресија врз граѓанското движење...

Родителите на 43-та мексикански ученици кои исчезнаа ја обвинија владата дека сака да го дестабилизира нивното движење. Нивниот адвокат изјави дека полицијата врши голем притисок врз граѓанскиото движење кое не отстапува од правдата и потрагата по младите.
„Нема да отстапиме ниту да запреме додека не ги најдеме. Тоа треба да и биде јасно на владата“, изјави Фелипе де ла Крус, портпрарол на родителите.
Федералната полиција се судри со демонстрантите кои организираа концерт во знак на солидарност за исчезнатите студенти во јужната држава Гереро, оставајќи зад себе најмалку 20 повредени.
Студентите кои исчезнаа во сптември во рацете на корумпираните функционери на локалната власт поврзана со картелите на дрога ги потпалија протестите во земјата. Според јавниот обвинител досега се уапсени 80 лица, вклучувајќи 44 полицајци и поранешен градоначалник кој е под истрага за нарачување на 26-септемвриските напади.
Бојана Крстевски
