Прогласена тридневна жалост во Пакистан

17.12.2014 13:15

Земјата е во шок поради најсмртоносниот терористички напад досега во кој загинаа 141 лице, од кои 132 се деца и деветмина се возрасни...

Тридневна жалост во Пакистан. Властите подготвуваат масовен погреб на настраданите кои вчера беа убиени од талибанци во знак на одмазда поради воената кампања на властите против терористите. Земјата е во шок поради најсмртоносниот терористички напад досега во кој загинаа 141 лице, од кои 132 се деца и деветмина се возрасни.

„Она што го видовме вчера не смееме да го заборавиме. Мора да се бориме против тероризмот, да го запреме џихадот. Ова е најголемата трагедија во историјата на Пакистан“, изјави премиерот Наваз Шариф.

Масакрот почна вчера утрото откако седуммина екстремисти упаднаа во воено чилиште во Пешавар и почнаа да пукаат во децата одејќи од училница во училница. Хоророт траеше осум часа. Нападот предизвика лавина реакции од лидерите на државите во светот.