Од Нова година, нова поволност за пензионерите

17.12.2014 13:24

Од јануари секој нов пензионер, без разлика што нема добиено решение за пензионирање, ќе има бесплатно здравствено лекување...

Нова поволност за пензионерите од Нова година. Директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнаџиева - Змејкова на работната средба со велешките пензионери информираше дека од јануари секој нов пензионер, без разлика што нема добиено решение за пензионирање, ќе има бесплатно здравствено лекување.

Оваа новина, напомена Парнаџиева - Змејкова се носи на барање на подрачните единици на Фондот кои секојдевно се соочуваат со проблемот што го имаат штотуку пензионираните лица кои мора да платат за лекување, а потоа Фондот  да им ги рефундира парите.