Засилена контрола на МВР и акции за пиротехнички средства
17.12.2014 13:20
Неделава на подрачјето на Скопје се запленети околу 400 илјади парчиња петарди и друга пиротехника...

МВР почна со засилени контроли и акции за пиротехнички средства. Неделава на подрачјето на Скопје се запленети околу 400 илјади парчиња петарди и друга пиротехника.
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници расте продажбата на сите видови пиротехники направи. Полицијата ги демне препродавачите, кои нелегално продаваат петарди, кои може најмногу да им наштетат на најмладите.
