52 компании бараат работници на Саемот за вработување во Куманово

17.12.2014 13:46

Само компанијата Веибо ќе има потреба од околу осум илјади вработени за фабриките во новата индустриска зона...

Куманово е денешна дестинација на карванот Саеми за вработување, што го организира Агенцијата за вработување на Република Македонија. 

Оттаму велат дека биле испратени СМС пораки до десет илјади активни баратели на работа да го посетат саемот на кој се претставени 52 фирми.

Директорот на агенцијата Влатко Поповски нагласи дека само компанијата Веибо ќе има потреба од околу осум  илјади вработени за фабриките во новата индустриска зона.