ИКОМОС Македонија одбележа 20 години од основањето

17.12.2014 15:29

Преку своите активности, посочи министерката, овој комитет придонесе македонските експерти да се стекнат со нови знаења, искуства и добри практики во областа на заштитата на културното наследство...

Културното наследство како потврда за цивилизацискиот континуитет и традиција на секоја држава претставува едно од нејзините најзначајни вредности. Наследството е  необновлив извор кој го одразува културниот идентитет на заедниците – нагласи во обраќањето министерката за култура Елизабета Канческа Милевска по повод 20 години од основањето на националниот комитет на ИКОМОС во Македонија.

Преку своите активности, посочи министерката, овој комитет придонесе македонските експерти да се стекнат со нови знаења, искуства и добри практики во областа на заштитата на културното наследство кои понатаму најдоа своја примена и имплементација во делувањето на институциите во државата кои станаа дел од меѓународните мрежи со сродните институции.

Претседателот на Националниот комитет - ИКОМОС Македонија, Лазар Шуманов рече дека основни цели на Комитетот се унапредување на заштитата, конзервацијата и ревитализацијата на спомениците, група градби и локалитети на локално, национално и меѓународно ниво, поттикнување на интересот во Македонија за нивен поквалитетен третман и подигнување на свеста на јавноста за нивните вредности, значење и опасностите на кои се изложени