Животниот пат на Мајка Тереза поблиску до битолчани
Преку изложбата на документи и фотографии од музејот на Мајка Тереза битолчани ќе имаат можност да се запознаат со мисијата на големата хуманистка од нејзиното раѓање па до смртта...

Преку културниот караван „Мајка Тереза- вечниот ангел на милосрдието“, животниот пат на најголемата хуманистка на човештвото поблизок до битолчани.
Изложените документи и фотографии сведочат за добробитот на македонката која од самиот почеток на својот живот имала една цел- да помогне на немоќните.
„Претставени ви се несекојдневни фотографии од самото детство на мајка Тереза, ќе почуствувате како таа се развивала во една девојка која што уште од нејзината 12 годишна возраст знае дека животот ќе му го посвети на бога и сите оние на кои им е потребна помош“, рече кустосот Цветанка Густовска.
Битолчани и не можеа да посакаат поубав настан за да ја пробудат хунаноста, а од оние повозрасните кои активно членуваат во хуманитарните организации да потсетат на нејзините почетоци.
„Благодарение на нејзината верба во бога беше редовна на службите во скопската Католичка црква. Уште од малечка ги учеше проповедите на мисионерството кои подоцна ги ширеше низ целиот свет“, вели д-р Димитар Котевски, почесен претседател на Научното друштво.
Македонија отсекогаш се гордеела со светата Гонџа Бојаџиу. Нобеловката која никогаш не му давала значење на материјалното зад себе оставила скромна документација, но делата се оние кои ја воздигнале во светската хуминитарна вечност.
„Почнавме скромно со само 41 фотографија. Во меѓувреме откупивме многу други фотографии, откупивме снимки од познатата телевизија Би-Би-Си и од една национална ирска телевизија, така да сега фундусот на музејот е значително збогатен“, вели директорката на музејот „Мајка Тереза“, Рената Кутера Здравковска.
Изложбата освен во градовите во Македонија патува и низ светските метрополи. Годинава беше претставена во Македонскиот култуно- информативен центар во Софија.
Стевче Митревски
