ДУИ со нова пресметка во Струга

17.12.2014 16:52

Крилата на Рамиз Мерко и на Арбен Лабуништа се степале при гласањето за прв човек на општинската организација. Според информациите на некои портали во болница заврши заменик-директорот на УЈП од редовите на интегративците...

Синоќешниот избор на делегати и претседател на огранокот на ДУИ во Струга завршил со инцидент во кој е повредено едно лице.

Според неофицијалните информации, инцидентот се случил помеѓу двете крила во ДУИ- на екс градоначалникот и актуелен пратеник, Рамиз Мерко  и Арбен Лабуништа, поранешен пратеник и кандидат за градоначалник на Струга на Локалните избори во 2013. До тепачката дошло откако Мерко успеал да обезбеди подршка во сите ограноци за функцијата претседател.

Рамиз Мерко во телефонска изјава ни кажа дека бил во Приштина и дека утрово разбрал за инцидентот. Координаторот Невзат Бејта кој инаку е градоначалник на Гостивар во телефонска изјава го потврди инцидентот, но на огранокот како што вели, а не на избирачкото собрание и додаде дека тој нема никакви информации за повредени лица.

„Нормално тука има угледни гласачи, угледни членови, не направија тие инцидент. Кога почна гласањето, индивидуи направија инцидент, турканица и јас го прекинав. Нормално никој не дошол тука да се турка, дошол да гласа. Немам јас такви информации како координатор, немам“, вели координаторот на ДУИ, Невзат Бејта.

Од СВР Охрид информираат дека случајот не е пријавен.

 

Јованчо Наумоски