Стотици милиони евра проневерени во ЕУ
Грција која уште долги години ќе се лекува од погрешната економска политика и штелувните завршни сметки, се соочува со нов скандал. Заедно со уште 4 членки на Унијата искористиле пари од европските фондови за скапи проекти во авиоиндустријата кои носеле загуби...

Ревизорите на Европскиот суд утврдија 666 милиони евра од европскиот буџет недоволно, погрешно и залудно потрошени, за финансирање на 20 аеродроми во Шпанија, Грција, Италија, Полска и Естонија. Во Костур, Грција ревизорите утврдиле дека биле потрошени само 170 илјади, од добиените 1,7 милиони евра. Додека во Кордоба, Шпанија мамеле дека имаат 180 илјади патници иако минувале само 7 илјади.
Истрагата покажала дека само половина од аеродромите имале реална потреба за финансирање. „Оваа ситуација е сериозна“, изјави за Македонската телевизија портпаролот за регионална политика на Европската комисија, но додаде дека ова е долгорочна инвестиција и потребно е да се даде малку време со цел да се покаже оправданоста на овој проект. Сепак новиот тим на Европската комисија презема мерки за заштита од идни можни неисплатливи инвестиции.
„Сега се фокусираме на солиден менаџмент, секој чекор ќе биде одобруван, концепт кои се нарекува ’условно’ што значи ќе ги решаваме сите важни параметри, пред да стартува проектот. Тое е промена. Што се однесува конкретно до аеродромите, тие што сакаат да аплицираат за финансирање од фондовите, владите на овие држави ќе треба да ги испочитуваа двете конкретни параметри. Тоа е сигурна инфраструктура, а другата е финсискиото планирање. Ние ги променивме правиалата со цел да се осигураме дека грешките кои се направени или може да се развијат, да не се повторат“, вели за МРТ Јакуб Адамович, портпарол на Европската Комисија за регионална политика.
Но ревизорите се неумоливи. Во Костур дополнително биле земени 16,5 милиони евра од европските фондови за авионска писта која не е оперативна. Така, и во наредниот период, во Брисел останува отворено прашањето на што најмногу ќе се трошат парите од европските даночн обврзници. Инаку, инвестицискиот план на претседателот на Европската комисија Јункер, за надминување на кризата тежи 300 милијарди евра.
Марина Тонева- постојан дописник од Брисел за МРТ
