Засилени котроли за пиротехнички средства
400 илјади парчиња петарди и друг вид пиротехника заплени полицијата од уличните продавачи во Скопје. Во сезоната на празници употребата на овие средства може да да биде и опасно. Проблемот се решава со специјални полициски патроли...

МВР почна со засилени контроли и акции за пиротехнички средства. Над 400 илјади парчиња петарди и друга пиротехника запленети само за неколку дена на подрачјето на Скопје. Се демнат препродавачите, кои нелегално продаваат петарди што може да наштетат, особено на најмладите.
„Од две импровизирани тезки на Битпазар пронајдени се и одземени околу 350 илјади парчиња на разновидни пиротехнички средства“, изјави Лиза Бендевска – портпарол на СВР Скопје.
И не само на пазарите, полицијата заплени петарди и од улични продавачи на автобуската и железничката станица. На големо купувале, па во кутии ги носеле во други градови. Заработија пријава.
Со наближување на Божиќните празници, низ улиците сме се почесто сведоци на испукување петарди, а тоа го прават шред се младите од радозналост. Затоа полицијата презема низа репресивни мерки, но и превентивни.
Во обид да се превенира уште од најрана возраст основците веќе следеа презентации за последиците од употреба на пиротехника. Надлежните апелираат, она што го случнале денеска да го споделат со семејството и блиските.
Статистиката говори дека во изминатите 11 месеци по кривична постапка запленети се над 230 илјади парчиња петарди, околу 5 илјади ракети и 2 илјади огномети. Кривично се пријавени 35 лица.
Најмногу заплена има во Скопје. Лани имало половина од од досегашната заплена и помалку кривични пријави.
Наташа Гркова-Петрушевска
