Ристовски: Со предлог-законот воопшто не се нарушува автономијата на универзитетите
17.12.2014 20:31
Откога го доставивме текстот на закон веќе е друга сликата. Веќе имаме ситуација во која што добар дел на факултети го поддржуваат, добар дел се во фаза на разгледување на соодветниот предлог, вели заменик министерот за образование, Спиро Рисовски, во интервју за МРТ...
За државниот испит како и реформите во високото образование гостин во централниот Дневник на МРТ1 беше заменик министерот за образование Спиро Ристовски.
Според Рисотвски, со предлог законот воопшто не се нарушува автономијата на универзитетите. Автономијата на Универзитетот не подразбира негово апсолутно право во целокупното креирање на она што значи јавно добро и јавен интерес за државата.
„Нашата основна замисла е заеднички со универзитетите да продуцираме најдобро решение. Меѓутоа има извесни и делумно политички влијанија на целот овој процес за да се добијат некакви ситни политички поени“, изјави Ристовски.
Бевме сведоци на голем број заклучоци коишто беа изнесувани во јавноста како резултат на бројни шпекулации коишто се појавија околу прдлогот за државен испит којшто ние го најавивме, меѓутоа определени структури не сочекаа ние да го доставиме предлогот финално до сите и почнаа да се произнесуваат по истиот дека се против. Откога го доставивме текстот на закон веќе е друга сликата. Веќе имаме ситуација во која што добар дел на факултети го поддржуваат, добар дел се во фаза на разгледување на соодветниот предлог, објаснува Ристовски.
Ристовски вели дека министерството очекува низ една квалитетна расправа, која што треба да биде продуктивна, пред се, а не деструктивна, да се добие дискусија која што може да придонесе за подобрување на вкупниот степен на образование и квалитетот на сите нивоа во делот на високото образование.
Целиот разговор со заменик министерот за образование, Спиро Ристовски може да го погледнете на следниот ЛИНК
