Намалена видливост на повеќе патишта поради магла
18.12.2014 09:23
Поради појава на магла, видливоста е намалена од 50 до 100 метри на патните правци Плетвар,Велес-Скопје(Кула), Охрид, Страцин и Гостивар-крак Маврово...

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.
Поради појава на магла, видливоста е намалена од 50 до 100 метри на патните правци Плетвар,Велес-Скопје(Кула), Охрид, Страцин и Гостивар-крак Маврово.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзината на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
