Македонија со скок од 5 места на листата на „Форбс“ за најдобри земји за водење бизнис

18.12.2014 10:18

Зад нашата земја се Бугарија на 42 место, Црна Гора на 48, Хрватска на 46, Грција на 51, Турција на 50, Албанија 51 место.Во втората половина на листата се Босна и Херцеговина и Србија, кои го делат 84-то место...

Престижниот финансиски магазин „Форбс“ ја објави листата на најдобрите земји за водење бизнис за оваа година. Македонија е рангирана на 31-то место меѓу 146 земји, што претставува скок од 5 места во однос на 2013-та година, кога нашата земја се најде 36-то место и подобрување од шест места во однос на 2012-та година.

Од земјите во регионот, подобро рангирана од Македонија е само Словенија која се наоѓа на 14-то место. Зад нашата земја се Бугарија на 42 место, Црна Гора на 48, Хрватска на 46, Грција на 51, Турција на 50, Албанија 51 место. Во втората половина на листата се Босна и Херцеговина и Србија, кои го делат 84-то место.

Македонија, според магазинот, најдобри резултати постигнала во бирократските процедури, за што е рангирана на 3-то место, во монетарна слобода се наоѓа на 6 позиција, а во заштитата на инвеститорите е ставена на 21 место. Во однос на даночното оптоварување Македонија е рангирана на 7-то место, пазарни перформанси на 17-то место, трговска слобода на 41-то место, додека за технологија на 61 место.

Магазинот секоја година ја составува листата според неколку критериуми, односно според остварените резултати на земјите во поглед на сопственичките права, иновациите, даночното оптоварување, технологијата, корупцијата, слободата (лична, трговска и монетарна), бирократијата, заштитата на инвеститорите и ефикасноста на пазарот на хартии од вредност.