ССК го поддржува Законот за плаќање приоднес за исплатени хонорари
„Ќе се елиминира нелојалната конкуренција и ќе се направи ред на пазарот“ , сметаат од Сојузот на стопанските комори...

Плаќањето придонес за исплатените хонорари ќе ја елиминира нелојалната конкуренција меѓу компаниите, бидејќи постои злоупотреба на вработени со полно работно време, кои се исплаќаат врз основа на договор за дело. Ова е ставот на Сојузот на стопански комори за законските измени кои стапуваат во сила од 1 јануари.
Комората предлага прагот наместо минимална, да биде просечно исплатената плата во земјава, појасни Сеад Кочан, заменик претседател на Сојузот на стопански комори.
На овој начин и хонораците ќе добијат социјална сигурност и пензија и еднаков третман со вработените на неодредено време, изјави Кочан.
Свето Николовски
