САД и Куба: Почеток на падот на уште еден ѕид

18.12.2014 12:09

По 5 децении непријателство, мразот меѓу двете земји го скрши ослободувањето на американецот Алан Грос од затворот во Куба и тројцата кубанци од затворот во Флорида...

Историски пресврт- вака ЕУ го окваливфикува обновувањето на дипломатските односи меѓу САД и Kуба. По 5 децении непријателство, мразот меѓу двете земји го скрши ослободувањето на американецот Алан Грос од затворот во Куба и тројцата кубанци од затворот во Флорида.

Генерале трогнати сме. Немаме зборови. Се што можеме да кажеме е благодарам. Ви благодарам многу“, изјави Жерардо Хернандез, ослободен кубански разузнавачки агент.

Шефицата на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, оцени дека ова е почеток на падот на уште еден ѕид и долго очекувана промена во затегнатите односи меѓу двете земји.

Овој чекор покажува победа на дијалогот над конфронтацијата. Благодарам на мудроста и инспирацијата“, рече Федерика Могерини, шеф на ЕУ за надворешна политика.

Историскиот чекор го поздрави и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун изјавувајќи дека ОН се подготвени да помогнат во тој процес. 

Поздрави доаѓаат и од улиците на Хавана.

Сакате да бидам искрен? Срцето ќе ми препукне!“

Мислам дека ова е единствениот начин да можеме да почнеме да им помагаме на луѓето од Куба“, велат жителите.

Претседателот на САД нема конкретни планови за посета на Куба по обновувањето на дипломатските односи со Хавана, но портпаролот на Белата Куќа не ја исклучи можноста за претседателска посета, изразувајќи надеж дека Конгресот ќе преземе чекори за целосно укинување на ембаргото на САД кон Куба пред Обама да ја напушти функцијата.

 

Бојана Крстевски