Пријавување данок за земјоделците до 31-ви јануари
18.12.2014 12:16
До 31-ви јануари идната година земјоделците треба да поднесат барање за паушално оданочување ако приходот што го оствариле не надминал 1,3 милиони денари. Парите од субвенциите не влегуваат во оваа сума...

Земјоделците кои годинава заработиле до 5 илјади евра целосно се ослободние од плаќање на данок на доход.
За заработени повеќе од 21 илјада евра или доколку земјоделството е дополнителна дејност даночното олеснување е 80 проценти од остварениот приход.
Со паушалната наплата според Управата за Јавни приходи, работата на фармерите се олеснува и немора да водат деловни книги.
Основа за пресметување на данокот е разликата меѓу остварениот вкупен приход и признатите трошоци.
Во пресметките не се вклучени субвенциите.
Методија Трајков
