„Алерик“ со уште една меѓународна награда
Продукцијата Сестри и Брат Митевски на последната сесија на Еуримаж која се одвиваше во Торино, Италија од 9 до 12 декември доби подршка за два филмски проекти...

Анимираниот филм Алерик на Вук Mитевски го продолжува успешно својот фестивалски живот и по серијата награди се закити со уште една меѓународна награда. На штотуку завршениот филмски фестивал во Италија L'Aquila FilmFestL'Aquila Film Festival 2014 анимираниот филм Алерик ја освои наградата за најдобар анимиран филм. Алерик продолжува со својот фестивалски живот.
Продукцијата Сестри и Брат Митевски на последната сесија на Еуримаж која се одвиваше во Торино, Италија од 9 до 12 декември доби подршка за два филмски проекти. Од 15 филма кој овој пат Еуроимаж ги поддржа на оваа сесија се врбои и новиот филм на Теона Стругар Митевска, „Кога денот немаше име“. Грантот кој го доби овој филм од овој престижен европски фонд е 180.000 евра.
И вториот филм кој Сестри и Брат Митевски го имаше на оваа сесија е новиот филм на еден од највлијателните автори на европската кинематографија, Канскиот лауреат, романецот Кристи Пиу, каде македонската продуцентска куќа се појавува како ко-продуцент во неговиот нов филм „Сиера Невада“.
Новиот филм на Теона С. Митевска „Кога денот немаше име“ е македонско- белгиска- словенска копродукција и во моментов е во процес на избор на актери. Снимањето се планира за пролет.
„Сиера Невада“ го започнува своето снимање на 15-ти јануари.
