Инвестициски бум во автомобилскиот сектор

03.01.2014 14:32

Македонија станува  „Мека“  за инвестирање во автомобилскиот бизнис. Осум познати светски компании  влегоа со гринфилд инвестиции . Седум  успешно  го етаблираа бизнисот  со производство на автокомпоненти во индустриските зони. Уште три од Германија и од САД најавија , ќе градат фабрики . Вкупните инвестиции се тешки мегу 250 и 300 милиони евра .

„Ни оставија впечаток образованието на граганите , познавањето странски јазици и нивната струцност и политиката на Македонија кон инвеститорите“ -  Лудгер Шонекер  -МАРКАРД         

,,Имаме вработени 500 луѓе , до 2016-та  бројот ќе се зголеми на 650. Досега инвестиравме 130 милиони евра , а голем дел од алатите и опремата ги набавуваме од домашни компании“ -  рече Џатин Такра од  Џонсон Мети .     

Ја намалија невработеноста , ја раздвижија економијата. Најавија 10 илјади вработувања . Дел од нив реинвестираат во нова фабрика или во проширување на првобитниот капацитет.

Втората фабрика на Џонсон контролс во Штип почна да работи во септември ,а во октомври беше поставен камен темелник на втората фабрика Технокозе , во ноември и на Џонсон Мети , а во ноември почна официјално со работа компанијата Ван Хул – вели Виктор Мизо – директор на ДТИРЗ. 

  Теренот за инвестиции го истражуваат уште три компании , ќе ја создаваат стратегијата на стартот на годинава.  Не се откриваат детали во која  фаза на преговори се: Единствено, се знае дека произведуваат машински и механички компоненти за автомобили.

Сузана Фиданска Стоевска