Охрид подготвен за дочек на гостите за новогодишните празници

18.12.2014 12:35

Владо Јанески ќе ги забавува охриѓани и гостите за најлудата ноќ во годината. Охрид е подготвен за дочек на гостите, прекрасно украсен, а хотелиерите и угостителите нудат добра забава и богато мени...

Познатата македонска музичка звезда,Владо Јанески,ќе ги забавува охриѓани и гостите кои на градскиот плоштад ќе ја дочекаат Новата 2 015-та година.Добра забава и атрактивни аранжмани понудија хотелиерите и угостителите,па се очекува на охридското крајбрежје да допатуваат голем број славеници од земјата и странство.

„Ќе го привлечеме вниманието на гостите и на охриѓани, кои што ќе присуствуваат на градскиот плоштад. Ние ги покануваме и ги охрабруваме да дојдат ветувајќи добра забава за самиот дочек на новата година“, изјави Ѓоко Апостолов, раководител на ТЛЕР, општина Охрид.

Предновогодишното празнување ќе започне на 22 декемви,при што се очекува на градскиот плоштад да се одвива богата културно-уметничка програма.

„Верувам дека тоа ќе биде доволен поттик и за охриѓани, меѓутоа и за сите присутни гости да поминат едно пријатно време на градскиот плоштад. Ќе има онаков тип на забавни содржини кои ќе ги привлечат и помладите и постарите“, додава Апостолов.

Во централното градско подрачје на Охрид ќе биде поставено и мини лизгалиште,на кое како и лани најмногу ќе му се израдуваат најмладите.

 

Сашо Нелоски