Се подобрува состојбата на струмичкиот еко- систем

18.12.2014 12:41

Со средства од УНДП и од Швајцарската влада ќе се определат црните точки на сливот на река Струмица кои треба да бидат заштитени. На овој начин ќе се подобри состојбата на целокупниот струмички еко-систем, познат по производството на зеленчук...

Започна идентификацијата на клучните закани на сливот на реката Струмица. Сите активни чинители, од ресорното министерство, општините од регионот, но и невладините организации и граѓаните се вклучени во акцијата од која треба да произлезат модалитетите за менаџирање на водите во овој ранлив еко систем.

Ваков тип на работилници се користат првпат во Македонија. Ваква форма на постмодерна политика и изучување на разни карактеристики и облици првпат се одржа во Струмица.

Најголема цел на оваа работилница е поголемо вклучување на јавноста, со претходно извршено сеопфатно истражување на мислењето и перцепциите на граѓаните. Проектот е финансиран од УНДП и швајцарската влада, а го спроведува Центарот за развој на југоисточниот плански регион во партнерство со министерството за животна средина.

 

Катерина Давчева