Груевски на Самит на ЕПП во Брисел

18.12.2014 12:44

ЕПП е најголемата политичка партија на ниво на Европа, со најбројна парламентарна група во Европскиот парламент...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска ќе учествува на Самитот на Европската народна партија во Брисел. 
 
ЕПП е најголемата политичка партија на ниво на Европа, со најбројна парламентарна група во Европскиот парламент. Таа преставува најголемата и највлијателна политичка партија на повеќе одлучувачки нивоа во Европската Унија.