Кошарка – НБА

Перо славеше и над ЛеБрон, Атланта го прегази Кливленд

18.12.2014 13:06

Освен првиот период кој му припадна на Кливленд, сите други убедливо ги добија “јастребите“ за 9 победа во последните 10 настапи, вкупно 18 за трето место во Источната конференција...

Перо Антиќ ја одигра најдобрата партија сезонава во „Квикен лоанс арена“каде што Атланта му нанесе катастрофа на домаќинот со 127 : 98. Освен првиот период кој му припадна на Кливленд, сите други убедливо ги добија “јастребите“ за 9 победа во последните 10 настапи, вкупно 18 за трето место во Источната конференција. Македонецот за 13 минути постигна 11 поени, 6 скокови и 2 асистенции со 67 проценти реализација. Иако постигна 21 поен, со спуштена глава паркетот го напушти мега звездата Леброн Џејмс. Лидерот Торонто ја оствари 20 победа со 105 : 89 над Бруклин, благодарение на 20 поени и 12 скокови на Ловри.

Најнеизвесно беше во западното дерби, каде што Мемфис ја постигна 21 победа сезонава и тоа во Сан Антонио со 117 : 116 дури по 3 продолженија. Гасол беше најефикасен со 26 поени, а Рендолф оствари по 21 поен и исто толку скокови, додека кајшампионот најефикасен беше Грин со 25 поени, а Данкан имаше 23 и 16 скокови. Продолжение се играше и во Денвер каде што Хјустон со 41 поен и 10 асистенции на Харден славеше со 115 : 111. Вејд постигна дури 42 поени, но Мајами загуби дома од Јута со 105 : 87. Драгиќ со 20 поени беше најдобар во победата на Феникс на гости со Шарлот 111 : 106 а Парсонс со 32 блескаше за Далас во Детроит за 117 : 106. Во другите три мечеви се радуваа домашните, Бостон – Орландо 109 : 92, Портланд – Милвоки 104 : 97 и ЛА Клиперс – Индијана 102 : 100.