Солени цени на пазарите
Трпезата полна колку и паричникот. Граѓаните внимателно избираат што ќе купат за божиќната трпеза . Солени се цените пред празниците - 120 денари за килограм костени со тенденција цената уште да оди нагоре, околу 150 за ореви, портокалите се 40 денари , мандарините 50. Најевтина е тиквата. На некои места се наоѓа за 10 денари по килограм . Толку е и бадниковото гранче. Доматите отишле на 120 денари за килограм. Некој со едно ќесе, некој со повеќе, кој колку има. Ова е вообичаена слика пред секој празник, велат граѓаните.

Празниците се тешки и за пазарџиите. Тие паметат и поубави години кога работата цутела, а граѓаните ги празнеле тезгите. Се жалат дека последниве години ги губат муштериите.
Јануари е еден од најтешките месеци за граѓаните, кога најмногу се троши и се празни домашниот буџет, но секој сака да ја продолжи традицијата.
Викторија Тодоровска