Путин: По паѓањето на Берлинскиот ѕид се градат нови меѓу Русија и западот

18.12.2014 13:53

Во центарот на вниманието се сложената економска ситуација во Русија...

Рускиот претседател Владимир Путин и се обрати на нацијата на годишната конференција за новинарите.

Во центарот на вниманието се сложената економска ситуација во Русија и меѓународните прашања, во прв ред Украина.

Во поглед на меѓународните односи, тој констатираше дека по уривањето на Берлинскиот ѕид, почнале да се градат нови ѕидови меѓу Русија и западот, за што доказ е и ширењето на НАТО на запад.