Одбојка

„Чајка“ за крај на одбојкарската 2014

18.12.2014 14:22

Годинава четири женски екипи ќе се натпреваруваат за трофејот со којшто се одбележува ликот и делото на Бранко Хаџииљоски, основоположникот на одбојката под Шара и воопшто кај нас.

38-то издание на традиционалниот турнир „Чајка“ во наредните два дена ќе ја врати одбојката на спортската агенда во Тетово. Годинава четири женски екипи ќе се натпреваруваат за трофејот со којшто се одбележува ликот и делото на Бранко Хаџииљоски, основоположникот на одбојката под Шара и воопшто кај нас.

„Голема чест ми е што ова година акцент ставивме на женската одбојка, да видиме до каде е во споредба со соседите. Ги повикувам сите љубители да присуствуваат на натпреварите во Тетово и заедно да проследиме еден празник на одбојката“, изјави организаторот Ивица Хаџииљоски.

Во утрешните полуфинални натпревари од 17 и 30 во Основното училиште „Гоце Делчев“, Шкендија ќе игра со Јанта Волеј, а потоа Работнички со гостинките од Бугарија – тимот на Марица од Пловдив. Од далечната 1975-та, само двапати досега беше прекината традицијата на турнирот. Во 1979-та поради поплавите и во 2001-та поради конфликтот.

„Сакам да изразам благодарност до Агенцијата за спорт и млади затоа што без нивната помош организацијата на турнирот би била многу потешка. Нивната помош не е само финансиска, туку и морална“, истакна Хаџииљоски.

Ќе се активира и женската репрезентација. Идејата е да почнеме не од нула, туку од почеток да поставиме генерации коиѓшто ќе работат заедно и по неколку години ќе остварат значајни резултати“, објасни генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија.

„Желбата и целта на Одбојкарската федерација на Македонија за идната година е уште еден успешен настап на машката репрезентација во Европската лига, а преку неа и во Светската“, се надоврза претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија Петар Јовановски.

Финалето на турнирот „Чајка“, за одбојкарски крај на 2014-та, ќе го емитуваме на Собранискиот сервис на МРТ, в сабота од 17 часот.

Полуфиналните натпревари Шкендија – јанта Волеј и се утре.