Разочарување во Европскиот парламент од одлуката на Советот за Македонија
Во Европскиот парламент одлуката на Советот на министерско ниво, што сигурно ќе биде повторено и на ниво нашефови на држави и влади, да повторно не и додели датум на преговори на Република Македонија е примена со разочарување. Се смета дека датумот за преговори може само да придонесе за напредок на земјата, па и во самото решавање на спорот со името...

Пријателите на Република Македонија во Европскиот парламент не го кријат разочарувањето откако Советот на ЕУ повторно не и дозволи на Македонија да зпочне преговори за членство во ЕУ.
Романскиот европратеник Кристиан Дан Преда од редовите на Народните партии, тоа го вели отворено.
„Да се продолжи на овај начин, значи да се прифати статус-кво, што моѓе да биде многу долго. Јас би сакал да се постигне напредок што би се одразило во изнаоѓањето на решение за проблемот со името“, нагласува романскиот европратеник.
Италијанскиот европратеник Џани Питела и истовремено претседател на групата не европските социјалисти и демократи, за недавањето на датум на преговори треба да се запраша Советот. Но притоа, тој смета дека треба да има напредок со земјите кандидати, иако се знае дека во идните пет годинини нема да има проширување на Унијата.
„Тоа што го појасни Јункер и со што се согласуваме е дека во наредните пет години нема да има проширување. Но тоа не значи дека не треба да има преговори, туку напротив треба да има акции за да напреднат процедурите на кандидатурите и за да напреднат досиета на земјите на тие што се веќе отворенио“, смета Питела.
Македонија повторно ќе се најде на дневниот ред на ЕП на почетокот на идната година, кога ќе се расправа за извештајот за постигнатиот напредок.
„Во парламентот ќе имаме дебата, во моментов се изготвува изештајот и според процедурата која ја следиме, само на почетокот на идната година ќе расправаме за тоа. Јас сум оптимист“, вели Кристиан Дан Преда.
Резолуциите на ЕП, слично како и препораките на Комисијата не се обврзувачки за Советот, но шест пати да не се почитува нивното мислење, сепак според многумина го поткопува кредибилитетот на овие институции.
Тони Гламчевски
