Телото е на Маја Блажеска

03.01.2014 14:45

СВР Охрид и официјално потврди дека безживотното тело, кое беше пронајдено од полицијата во планинскиот појас над селото Велмеј, кај месноста Натнасер Бачила, е на 14-годишната Маја Блажеска,која исчезна на 12-ти ноември минатата година.

Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски обдукцискиот наод покажал дека на телото на девојчето нема траги на насилство и дека смртта најверојатно настапила како последица на хипотермија,односно губење на телесната топлина поради подолготрајна изложеност на екстремно ниските температури кои владееле на тоа подрачје,коешто е на надморска висина од околу илјада и петстотини метри.

Како што рече Димоски, полицијата ги вложила сите свои капацитети за расчистување на овој случај, поради што бил формиран и специјален тим кој трагал по малолетничката. Надлежните последен пат го лоцирале мобилниот телефон на Маја во регионот на Илинска Планина поради што во изминатиот период во неколку наврати беше спроведено интензивно пребарување на теренот.

Полициската истрага продолжува со цел да се расветлат некои детали,бидејќи девојчето при претходното напуштање на домот беше пронајдено во Скопје кај момче кое го запознала на Фејсбук.Останува да се утврди како малолетничката се нашла на толку висок предел и која била причината.

Сашо Нелоски