Меркел: Европската безбедност мора да се гради со Русија
18.12.2014 16:04
Меркел потврдила дека санкциите против Русија остануваат во сила, се додека таа не го почитува суверенитетот на Украина...

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека европската безбедност мора да се гради со Русија, а не против неа.
Меркел потврдила дека санкциите против Русија остануваат во сила, се додека таа не го почитува суверенитетот на Украина.
Канцеларката истакна дека ЕУ ќе продолжи да и дава економска и политичка поддршка на Украина!
