Голем интерес за доброволните пакети во Тутунски комбинат - Прилеп
Прилепскиот Тутнски комбинат почна да го решава проблемот со превработеноста. Голем интерес за поволните пакети што ги понуди компанијата. Овој потег заедно со стратегиското партнерство со Филип Морис треба да го застане загубарот на стабилни нозе...

Преку 500 вработени во прилепскиот тутунски комбинат се пријавиле доброволно да заминат со пакети до 15.000 евра. Консултиран е синдикатот, а раководството изненадено од интересот. Идната недела ќе биде истакнат списокот, ќе се вклучи Агенцијата за вработување и до март се очекува да заврши реорганизацијата и да се ослободи од превработеноста– дел од стратегиското партнерство со Филип Морис
„Со буџетот би биле покриени некаде 4 80 вработени, но ние правиме напори, од наши средства и останатите, колку ќе бидат да бидат опфатени, освен оние што реално ни е неопходно потребно, вели Александар Дерменџиев, генерален директор на Тутунски комбинат-Прилеп.
Ова ќе го извлече од групата загубари.
Ако оперативните загуби на комбинатот се 4 милиони евра, со доброволните пакети за речиси половина од вработените, анализира менаџментото, токму за толку ќе се намалат трошоците и комбинатот ќе дојде до позитивна нула.
Стратегиското партнерство со светскиот гигант и реално почна со производството на брендовите на комбинатот, но и на првиот на Филип Морис преку заедничката фирма. Во тек е опремувањето во фабриката за цигари.
„Работиме максимално посветено во тој правец за да бидеме подготвени, едно по едно, целокупното портфолио да го пренесеме, затоа што тоа е духот, идејата на стратегиското партнерство“, додава Дерменџиев.
Сервисирани се сите обврски од 10 милиони евра, залихите на тутун се речиси продадени, а и новата реколта што се откупува, пак, поради партнерството со светскиот гигант. Обезбедени се парите за исплата на тутунарите за преку 3.000 тони тутун.
2015-та ќе биде предизвик за Комбинатот кој почнува пазарно да работи без интервенции од државата.
Елизабета Митреска
Снимател и монтажа: Мице Маркоски
