Трицифрен ФИФА ранкинг на фудбалската репрезентација на крајот на годината

Македонија како стота на светот во новата 2015

18.12.2014 20:29

Иако немаше активности во претходниот месец, на најновото декемвриско рангирање, инаку последно во оваа 2014 година, нашиот национален тим се најде на позицијата којашто лесно се помни, напредувајќи за три места од ранкингот во ноември...

Македонската фудбалска репрезентација ќе влезе во новата 2015 од 100.место на ранг-листата на ФИФА. Иако немаше активности во претходниот месец, на најновото декемвриско рангирање, инаку последно во оваа 2014 година, нашиот национален тим се најде на позицијата којашто лесно се помни, напредувајќи за три места од ранкингот во ноември.

Трицифреното место во ФИФА друштвото е некако на средина од позициите меѓу коишто варираше во изминатите 12 месеци. Македонија ја почна годината на 84-та, во јули беше и 74-та на светот, но подоцна падна дури до 112-то место, коешто беше и најслабиот пласман во изминатите две децении. Пред избраниците на селекторот Бошко Ѓуровски е обврската за многу подобри резултати во продолжението на евроквалификациите, коишто сигурно би донеле и значаен прогрес во наредната година.