Намалена видливост на повеќе патишта поради магла

19.12.2014 09:24

Поради појава на магла, до 50 метри е намалена видливоста кај Страцин-Куманово, Тетово-Попова Шапка и Прилеп-Крушево...

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
 
Поради појава на магла, до 50 метри е намалена видливоста кај Страцин-Куманово, Тетово-Попова Шапка и Прилеп-Крушево. 
 
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.