Средба на митрополитот Јосиф со Теута Арифи
Со пораки за мир и сожителство, со желби за успешна година и среќни празници, митрополитот тетовско – гостиварски г. Јосиф ја дочека градоначалничката на Тетово Теута Арифи во седиштето на оваа епархија.
На нивната прва средба се разговарало и за прашања околу уредувањето на новите православни гробишта и изградбата на црква во новиот дел на градот.
Ова е прва средба на градоначалник на Тетово со епархиски митрополит, откако се формира новата тетовско – гостиварска епархија, а нејзиното седиште е во Тетово во храмот „Свети Кирил и Методиј“.